Италјанската полиција има полни раце работа

Објавил: admin@magazin | 17 јули, 2018 8:14

Италија: Запленети 300 килограми албанска марихуана

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Моторен чамец натоверен со околу 300 килограми марихуана запленила синоќа италијанската полиција во пристанишниот град Бари.

Чамецот, кој според медиумите тргнал од албанскиот брег, го управувал 26-годишен италијански државјанин, кој е упасен.

Според италијанската полиција вредноста на дрогата на нарко пазарот би достигнала вредност од три милиони евра.

Првичните информации говорат дека чамецот со дрогата требало да пристигне во Пулија, бидејќи во овој период од годината можноста за продажба на истата е поголема поради големиот број летувалци.

Деновиве италијанската полиција кај Лече заплени тон марихуана пристигната од Албанија и упаси двајца албански и еден италијански државјанин. Нејзината вредност се проценува на 10 милиони евра.

Инаку, од почетокот на годинава италијанската полиција на повеќе приморски места заплени околу 20 тони марихуана, пристигната со моторни чамци од Албанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.