Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Шведска, Англија и САД со поддршка, сите останати членки на ОН против формирањето косовска војска

Објавил: Мартин Попоски | 18 декември, 2018 7:57

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Косово

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Советот за безбедност на Обединетите нации одржува седница на барање на Србија и Русија по повод одлуката на Приштина за формирање војска.

На истата се обрати и српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Седницата се одржа во 15 часот по локално време, односно во 21 часот по македонско време, и ќе беше отворена за јавност.

На седницата ќе присуствува и претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Вучиќ на вчерашната вонредна прес-конференција изјави дека во Њујорк ќе се бори за Србија со сето срце.

Се спремам за Советот за безбедност на ОН. Ќе летам со ‘Ер Србија’ наутро и одам право на седница. Ќе се борам. – рече Вучиќ.

Тој додаде дека на крајот на седницата ќе има право на реплика.

Не сум одлучил уште во кој дел ќе зборувам на англиски. Но не е моја работа да ги убедувам нашите луѓе, туку оние кои сакаат таму да слушаат. Утре ќе донесам конечна одлука. – рече Вучиќ.

Тој оцени дека косовската војска е формирана против интересите на српскиот народ.

Седницата помина во тензична атмосфера особено што пред нејзиниот почеток, земјите од Европската Унија кои се нарекуваат ЕУ8, Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Шведска и Обединетото Кралство Англија испратија документ со кој формирањето на армија на Косово го сметаат за суверено право на Приштина.

Во Советот за безбедност преовладуваше оценката дека е прекршена резолуцијата 1244 и Бриселскиот договор, при што формирањето на косовската војска беше поддржано само од САД и Полска, додека непостојаните членки едногласно оценика дека е противправно а Русија и Кина најавија вето и остри реакции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.