Долгогодишниот активист за правата на Македонците и историчар, Ицо Најдовски Перин со јасен став, Договорот од Преспа е погубен за македонското малцинство низ светот

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 7:03

Ицо Најдовски Перин: Со уставните измени Македонија се откажува од македонското малцинство

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ицо Најдовски Перин, историчар и долгогодишен активист за правата на Македонците низ светот со појаснување колку се опасна правна алатка уставните измени.

Со уставните измени се брише македонското малцинство и тие не смеат да се реализираат, смета историчарот Ицо Најдовски -Перин, кој децении наназад живее и работи во Австралија.

Видовме од предложените амандмани дека треба да се откажеме од малцинството, од АСНОМ, од идентитетот. Ова не смее да помине оти целата ситуација што насилно се спроведува е без основа, затоа и Преспанскиот договор не е на сила. – вели Најдовски во синоќешното гостувањето на “Отворено на Алфа”.

Оваа влада не доби мандат од народот да спроведува ваква самоубиствена политика, смета Најдовски, и додава дека македонска дијаспора е единствена по ова прашање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести