Во недела канцеларијата на Народниот правобранител отворена за пријави за повреда на гласачкото право само за оние кои ќе излезат и гласаат на претстојниот референдум

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 14:25

Иџет Мемети треба да знае дека и граѓаните кои ќе бојкотираат се соочени со уцени, закани и притисоци

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во канцеларијата на Народниот правобранител во недела, 30 септември, на денот на одржување  на референдумот,  во периодот од 7 до 19 часот  ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321.

На истата граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип  со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Покрај лично во канцелариите како и на бесплатната линија граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви:Тетово 044 344-082, Струмица 034 329 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488

Народниот правобранител во оваа пригода, потсетува на исклучителната важност од остварувањето на правото на непосредно изјаснување, и смета дека изјаснувањето на граѓаните и нивниот став по однос на ова референдумско прашање, е и нивна обврска и активен придонес за иднината на општеството.

Народниот правобранител, истовремено ги потсетува и апелира до сите чинители во општеството, да не ги попречуваат граѓаните во остварувањето на нивното загарантирано право на излегување и лично изјаснување, а ги охрабрува граѓаните секое евентуално влијание да го пријават.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести