Објавил: Македонка Димкин | 19 јануари, 2019 9:50

И во затвор тепаат, Јане Ченто нападнат од командирите во Шутка!

Фото/Текст извор: ©

Вчера во попладневите часови се случил  инцидент во затворот во Шутка. Јане Ченто кој повеќе од 15 месеци е во „притвор„ за настаните од 27 Април 2017 г , тој бил физички нападнат од старешините на затворот.

Притоа биле пронајдени мобилен телефон, мобилен полнач, импровизиран кабел за полнење мобилен телефон и други недозволени предмети. Тоа се случило вчера при редовен претрес на собите во истражниот затвор Шутка кај лицето Јане Ченто, соопштуваат од Истражниот затвор Скопје.

Според директорот на затворот  Ѓоко Котевски службените лица издале наредба да ги предаде недозволените предмети, на што Јане Ченто  се спротивставил и пружил „активен и насилен„ отпор.

Службените лица на тоа одговориле со „зафат согласно утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби и му ги одзеле телефонот и другите недозволени предмети„

Со медицинска белешка утврдено е дека како резултат на физичкото дејство има црвенило врз левиот дел од градниот кош.


Сепак, изјавите на Јане Ченто, не кореспондираат со изјавите на директорот, погледнете го видеото кое го направил Миленко Неделкоски во разговор директно со Јане Ченто

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.