Познатиот македонски фудбалски ас, откако со години ги раскажува приказните за неговата голема Македонштина, од вчера отворено агитира за промена на името на Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 8:53

И Дарко Панчев со поддршка за Северна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И познатата фудбалска ѕвезда, Дарко Панчев, со видео спот за Северна и поддршка за претстојниот референдум.

Дарко Панчев во своите претходни интервјуа говорејќи за легендарниот меч кој се одржа на четврти март во Атина се помеѓу белградска Црвена Ѕвезда и грчкиот шампион Панатинаикос .

Во редовите на Црвена Ѕвезда играше и македонската фудбалска ѕвезда Дарко Панчев.

Панчев во видеото најдобро ја објаснува состојбата која ни се случува денес и вели дека Грците му правеле проблеми поради тоа што се напишал како Македонец и не правеле проблеми при влезот, но вели дека го фатило инает и рекол дека на друг начин освен како Македонец не влегува на терен.

Панчев за тоа изјави:

Имаше картончиња кои ги пополнувавме кога влагавме во Грција. И сега јас тоа картонче кај што имаше една графа, националност, јас Македонец напишав. Тие тоа го сфатија како провокација бидејќи веќе почнаа чарките помеѓу нели Македонија и Грција, што ќе биде понатака. И тоа нив многу ги возбуди.

Како сега јас да напишам дека сум Македонец. И мене ме фати инат јас ќе влезам тука како Македонец јас на друг начин не влегувам. Сега тие не смееја да не пуштат бидејќи УЕФА строго ги казнува клубовите ако мешаат политика во спортот. Има една изрека храбрите ги прати среќа. Дојде натпреварот во среда, се одвиваше како што се одвиваше, дадов два гола пред полн стадион.

Имаше седумдесет, осумдесет илјади публика, јас мислев да можат сите да пропаднат сите во земја, сите ќе пропаднеа. Тоа беше страшен шок за нив. Само го памтам моментот кога заврши натпреварот, на олимпискиот стадион во Атина има два огромни семафора. Има два огромни семафори, верувајте ми семафорите ги исклучија после една минута бидејќи на семафорите со големи букви пишуваше 0-1 Панчев, 0-2 Панчев.

И одма ги исклучија само да не се чита, меѓутоа тоа беше за нив голем пораз, вие како Македонец сте дошле во сред Атина и ги победувате, тоа тие нема да го заборават никогаш. – вели во тогашното интервју Панчев.

Истото ова тој го потврдува и во гостувањето во Еден на Еден, каде вели дека поради неговата постапка тогаш бил пречкртан во сите весници како државен непријател број еден.

Значи два дена во нивните новини бев на нивните насловни прешкртан. Како да сум државен непријател, неверојатно. Шест – седум години не ми даваа виза во грчка амбасада – изјави тогаш Панчев кој вчера повика за промена на името на државата и негирање на Македонската нација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.