Борисов ваква изјава даде пред неколку дена во Брисел, каде посочи дека Македонците треба уште да зреат за да добијат датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, јавија бугарските медиуми.

Објавил: Весна Петровска | 26 јуни, 2019 21:44

И Димитров се сложува со Борисов: Потребно е „зреење на македонскиот народ“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Никола Димитров во целост се сложува со мислењето на бугарскиот премиер Бојко Борисов, дека е потребно „зреење на македонскиот народ“.

Борисов ваква изјава даде пред неколку дена во Брисел, каде посочи дека Македонците треба уште да зреат за да добијат датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, јавија бугарските медиуми.

На новинарско прашање за одлагањето на датумот тој одговорил:

-Тие имаат уште многу работи да поправат. Да не ме разберат погрешно, но додека се споро дали Гоце Делчев е Бугарин, дали е Бугарин-таа малопродажба на едни херои, кои реално се бореле за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите песни се поврзани со нив…И опозицијата постајно ќе ме потпрашува што прави комисијата…Нека созреат. Не можам тоа да го дозволам. Бугарија стори се и тие се вивнаа кон небото. Сега тие требало да прават компромиси во комисијата и антибугарска реторика!

Истото мислење за зреење на нашиот народ дели и Поповски.

Според него, работата на комисиите за историја се корисни за „зреење на македонскиот народ“.

-Дури и без ЕУ и НАТО, овие процеси да ги изодиме, за нашето зреење како народ, рече Поповски, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Борисов  денеска на форумот во Пловдив изјави дека очекува Бугарија и сееврна Македонија да ги задржат добрите соседски односи.

На форумот во Пловдив Борисов изрази надеж дека на претстојната средба на земјите од Берлинскиот процес, што ќе се одржи во Познањ, ќе биде донесено решение Република Северна Македонија и Бугарија да бидат заеднички домаќини на следниот собир во овој формат.

– Историски ние сме војувале со сите соседи, како резултат на тоа регионот на Балканот заостана. Сега ги сменивме работите. Се надевам дека ќе ги надминеме сите потешкотии, изјави Борисов.

Тој потсети дека за време на претседавањето со ЕУ минатата година, Бугарија во рамки на Унијата ја наметна „најсложената, опасна и тешка тема“ за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан. – Се надевам дека колегите еден ден ќе го ценат тоа, додаде Борисов.

– Имаме ретка шанса, на оваа територија наречена Балкан, која е толку натопена со крв како ретко кое друго место, сите ние да создадеме прекрасна бизнис клима, порача Борисов во обраќањето пред учесниците на Форумот.

Пловдивскиот економски форум се одржува втора година по ред и на него присуствуваат претставници на владите, бизнисот и невладиниот сектор од повеќе европски земји, кои разговараат за предизвиците поврзани со економскиот раст и конкурентноста на Бугарија и Југоисточна Европа.

Дел од темите за кои ќе се дискутира на овогодишниот Форум се поврзани и со перспективите на земјите од Западен Балкан, очекувањата од новиот Европски парламент и новата Еврокомисија, како и со демографските и здравствените проблеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.