Познатиот музичар фан на СДСМ

Објавил: Узунов Бобан | 5 јули, 2019 7:25

И Златко Ориѓански добива државна функција ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Златко Ориѓански ќе биде поставен за Директор на Културниот центар на Република Северна Македонија во Тирана, објави Скопје Инфо повикувајќи се на владини извори.

Одлуката за именување треба владата, според порталот, да ја донесе на една од следните седници.

Веста објавена на Скопје Инфо ја сподели и самиот Ориѓански на својот фејсбук профил.

Македонија и Албанија треба да отворат културно-информативни центри во своите главни градови со цел да се доближат повеќе и граѓаните да се запознаат подобро со културните особености, како и новости и настани за тоа што се случува со нивните соседи.

Златко Ориѓански ќе биде првиот директор на оваа државна институција која ќе треба да ја промовира македонската култура во соседна Албанија. 

Музичарот Златко Ориѓански кој  настапуваше на владината ланската прослава за поканата во ЕУ и НАТО, организирана од страна на Владата која доживеа вистински дебакл,  на социјалоната мрежа фејсбук на сите оние кои го критикуваат славењето им порача дека може да си го „опнат“ сами на себе. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести