Очигледно проблемот со загадувањето не бил партиска вина на ВМРО - ДПМНЕ туку е општествен проблем, кој ни владата на СДСМ не може да започне да го решава

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 10:36

И институции потфрлија околу проблемот со загадувањето

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, призна дека некои институции потфрлија во справувањето со проблемот со загадувањето и дека е чесно тоа да се признае.

Макрадули смета дека проблемот не смее да се лоцира само во едно ресорно министерство, туку дека тоа е проблем на целата извршна власт.

Една од клучните работи за кои се сложивме е дека воздухот е загаден и не бегаме од тоа и јас сметам дека тоа е еден од најголемите предизвици што претстои, не само пред Министерството за животна средина туку пред целата Влада. Тоа е еден проблем што изискува и побарува интегриран пристап и во овој момент тоа е нашиот генерал пристап од политичко ниво. -изјави Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.

Според него, на оперативно ниво е подигната интер ресорската работна група која што се грижи и дефинира мерки, за да се избегне и не се живее во илузија дека е чист воздухот и дека се намалени деновите на алармирање и информирање.

Ова е направено бидејќи порано беа многу повисоки а сега се скратени во некои европски рамки, се со цел „да не се криеме дека воздухот, за жал, во Скопје и во други градови е загаден“.

Поделивме некои задачи, за жал некои се завршија некои не се завршија. Некои институции потфрлија и тука треба да бидеме искрени да признаеме. Доцни процесот на категоризација на возилата, не сите општини ја исполнија обврската да на Советот донесат план за справување со воздухот.

Согласно законот секаде каде што има мерни станици, тие тоа мора да го направат. Ние вклучивме две нови станици, фиксни, во Гостивар и во Струмица, една мобилна во Бутел. – истакна Макрадули.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.