Норнилд за МКД.мк вели дека вчера била првпат повикана во Финансиската полиција, а пред 3-4 месеци и во Обвинителството. Но без никаков резултат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 февруари, 2020 9:30

И Лила вмешана во “Рекет”- била авторка на проектот за пензионерски домови на Боки 13 за хонорар од 250.000 евра?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претходно напишавме дека на лагата и се кратки нозете, односно дека водителката Лила Филиповска мати нешто со своето сведочење за случајот Рекет, а денеска порталот МКД.МК го потврди тоа. Имено Лила била посредник во наводно рекет на градежната фирма „Дан-Мак“.

Ена Норнилд била измамена за 250 илјади евра кои наводно биле потребни за учество во ЕУ проекти за изградба на домови за стари лица.  Овој пат посредник била водителката Лила Филиповска, вели за МКД.МК измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија. Таа пред две години поднела кривична пријава против Јовановски и Филиповска, која е заборавена во некоја обвинителска фиока. Нејасно е зошто овој случај не е дел од „Рекет“, вели Норнилд.

Другарството на Лила и Боки датира уште од времето кога поранешниот шоумен се пробиваше во естрадниот свет со манифестацијата „13-ка за најуспешните“. Таа на своето сведочење минатата недела рече дека повеќе не се пријатели со Бојан, и дека има причина зошто е тоа така.

Норнилд за МКД.мк вели дека вчера била првпат повикана во Финансиската полиција, а пред 3-4 месеци и во Обвинителството. Но без никаков резултат.

„Сѐ почна кога како заштитно лице на мојот козметички салон ‘Мис Ен’ ја избрав токму Лила Филиповска. Тоа беше некаде во почетокот на 2017 година“, ја почнува својата приказна Ена Норнилд. Соработката си течела вообичаено, сѐ до летото 2017 година, кога Лила понудила „добра бизнис зделка“ за фирмата „Дан-Мак“.

„Ми рече дека е добра пријателка со Боки 13, кој добил проект од ЕУ за изградба на домови за ранливи категории и за стари лица. Авторка на проектот била Лила, Боки го добил од ЕУ, а јас за да учествувам во проектот, во изградбата на тие домови, требаше да ѝ платам 250 илјади евра на авторката на проектот. Таа ми кажа дека во проектот вложила и свои пари. Не се посомневав во ништо од ова, на крајот на краиштата Лила тогаш уште работеше за мене. Побарав средба со Боки. Отидовме во неговата куќа во Орман. Кога влегов внатре, сѐ беше под знакот на ЕУ – знамиња, папки, беџеви, пенкалца… Тој ми рече дека проектот веќе е добиен, но е заштитен, а деталите ќе може да се видат откако ќе се плати учеството. Со мојот адвокат спремив договор, со извршни клаузули за двете страни ако некој не ги испочитува условите од договорот“, раскажува Норнилд за МКД.мк.

Целиот текст може да го прочитате на МКД.мк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести