После трагедијата во Адис Абеба

Објавил: Узунов Бобан | 14 март, 2019 8:51

И Македонија ги забрани летовите на „Боинг 737-Макс 8“ и „Боинг 737-Макс 9

Фото/Текст извор: ©магазин

И Македонија ги забрани летовите на „Боинг 737-Макс 8“ и „Боинг 737-Макс 9“ поради истрагата која се води во врска со овие типови на авиони.

И Македонија ги забрани летовите на „боинг 737-макс 8“ и „боинг 737-макс 9“. Од Агенцијата за цивилно воздухопловство велат дека причина за забраната е истрагата која се води во врска со овие типови на авиони.

Авион на Етиописката национална компанија „Боинг 737„ се сруши над Адис Абеба, на патот за Најроба,Кенија. Во авионот  имало 149 патници, додека 8 луѓе биле членови на екипажот. Од канцеларијата на премиерот на Етиопија соопштено е дека авионот на „Etiopijan erlajns„ се срушил додека летал кон главниот град на Кенија, пренесува „Вашингтон Пост„. Канцеларијата на премиерот, во името на владата и народот на Етиопија, изрази свое најдлабоко сочувство на семејствата, на кои ги изгубија своите најмили во тешката авионска несреќа на редовниот лет утрово за Најроба, Кенија.

„Од денеска е на сила забраната за слетување и полетување на воздухопловите ‘боинг 737-макс 8’ и ‘боинг 737-макс 9’, како и надлетување над воздушниот простор над државата. Забраната следи како мерка на претпазливост“, ни изјавија од АЦВ.                                                                       

По трагичната несреќа на летот ЕТ302 на компанијата „Етиопијан ерлајнс“, кога авион од типот „боинг 737 макс 8“ се урна при што загинаа сите патници и членови на екипажот, Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) вчера одлучи да ги суспендира сите летови на овој модел на авиони. Како мерка на претпазливост, ЕАСА објави директива со која се откажуваат сите летачки операции на моделите „боинг 737-8 макс“ и „737-9 макс“ во Европа. (А.С.)

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.