Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски вчера донесе одлука да и помогне на Атиџе Муратова, жената која успеа да дојде до Оскари со својата скромност и макотрпна работа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јануари, 2020 12:31

И “Медена Земја” ја исполитизираа- чесната и чиста душа на Атиџе ја користат за своја промоција?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски вчера донесе одлука да и помогне на Атиџе Муратова, жената која успеа да дојде до Оскари со својата скромност и макотрпна работа.

Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот.

Денес општина Лозово ја посети нашата национална хероина Атиџе Муратова, Ѕвездата од „Медена земја”.
„Среќна, насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како Градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов кров.
По завршување на турнеите и земањето на оскарите, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово.
Исто така ветив, дека нејзините две песни, ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио“, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски.

Посочи дека тоа и било соопштено на Муратова, која вчера беше во посета на општината.

– Среќна, насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов покрив. По завршување на турнеите и земањето на оскарите, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово, рече Велковски.

Градоначалникот вчера рече дека ќе го исполни ветеното и ќе се погрижи нејзините две песни да бидат обработени целосно со музички аранжман.

Е да, на ваквиот чекор на СДСМ, граѓаните реагираа велејќи дека решиле на грбот на Атиџе Муратова да прават хуманист од градоначалникот на Лозово, Ацо Велковски.

Но јавноста не заборава дека во неколкунаврати тој беше претставен како градоначалник кој врши мобинг врз вработените кои низ солзи ја открија својата мака во емисијата Детектор.

Најголем број од коментарите на граѓаните се дека се исполитизира целата работа околу Атиџе.

Дека преку нејзината чиста и чесна душа некој сака да добие поени.

Најголем број од коментарите на социјалните мрежи се од типот Дали треба да се стигне до Оскари, за да му се помогне на некој кој нема услови за живот?

Овие низа коментари дојдоа и по објавата на коалицијата за подобра Македонија и независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе се приклучат кон акцијата за донирање за децата од „Медена земја“.

Ова е убав гест, но во Македонија има голем број на деца кои немаат покрив над глава, спијат на улица, просат за да можат да купат парче леб. Зошто институциите работат со подбутнување?

Која е поентата  на застанувањето на политичките партии позади еден културен проект кој секако ја претставува нашата држава во светот. Но зошто Атиџе претходно не доби помош од општината?Зошто баш сега?

Да се потсетиме, неодамна почина и ЈАНА од Охрид која долг период се бореше и молеше за помош но тогаш НЕЗАВИСНИТЕ ПРАТЕНИЦИ не се одважија да помогнат, сега одеднаш ќе помогала на децата од медена земја.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести