Реакции од меѓународните претставници за послдените случаи на партизација и непотизам

Објавил: Узунов Бобан | 16 февруари, 2019 10:43

И меѓународната заедница реагира, францускиот амбасадор Тимоние: Партизацијата и непотизмот не се европски вредности

Фото/Текст извор: ©мкд.мк/магазин

Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние во интервју за порталот мкд.мк смета дека државата е високопартизирана и тоа е спротивно на европските стандарди.  

Симбол на непотизам на актуелната власт стана пратеничката Мира Стојчевска Дизел која ги вработи синот и братот, а го унапреди сопругот. Ваквите случаи не останаа незабележани и од меѓународната заедница

Последните настани со вработувањата и непотизмот не упатуваат на „реформи“… Каде ќе нè однесе тоа?

-Овој вид анализа изненадува, но е интересна, зашто со тоа се покажува актуелната состојба на системот. Тоа значи дека партиите се сметаат како врата или шалтер за вработување. Но тоа е сосема спротивно на она што значи европски стандарди и мислам дека ова заслужува сериозно размислување за да се сменат, не луѓето, туку стандардите.

Затоа што насекаде постои дискреционо право на владата да си назначува лица и тие по заминувањето на владата заминуваат. Сепак, треба да постои минимум договор за во тоа да не се вмешуваат ниту училиштата, ниту болниците, ниту, пак, јавните служби, коишто по природата на нештата се надвор од политичкото управување во општа смисла на зборот.

Претпоставувам дека тоа е и целта на владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести