Во село Мешеишта минатата недела поставени на нелегален начин мобилни станици за мобилната телефонија, тврдат мештаните од Мешеишта.

Објавил: Македонка Димкин | 16 декември, 2018 1:54

И на Мешеиштани им е преку глава од актуелната Власт?

Фото/Текст извор: ©trkalo.com

Група граѓани од с. Mешеишта излегоа со барање за отстранување на нелегално поставените станици за мобилна телефонија на црвката „Св. апостоли Петар и Павле“.

Мобилните станици биле поставени за време на изминатиот викенд, а со проблемот се засегнати сите жители од селото Мешеишта како и сите оние кои живеат во близина на црвката каде се наоѓа и основното училиште.

Колективот на ова училиште најстрого се противи на оваа станица и стои зад оваа иницијатива, вели Иван Стрезоски.

Градоначалникот Зоран Ногачески пали свеќа на Илинче како што го нарекуваат местото каде што е Манастирот Св. Илија

Како причини за нејзиното отстранување ти ги наведуваат  , верскиот објект, штетноста од емитување на зрачење, овие антени генерираат електромагнетни зраци кои доведуваат до зголемување на ризикот од канцер, како и промени на молекуларно ниво во кодот на ДНК.

За пример во Скандинавските семји  ваквиот тип на станици се исфрелни од употреба а во блиското соседство пак има регулативи, кои најстрого забрануваат поставување  на станици во близина на училишта,  градинки , болници како и домови за стари лица. Во Македонија исто така има некои нормативи но тие очигледно  не се почитуваат, истакнува Стрезоски.

Како најголема причина е непосредната близина на ОУ Дебрца, при што покрената е петиција со која се бара нејзино отстранување.

-Потпишани се преку стотина мештани кои се видно вознемирени, од нејзиното поставување. Бараме од надлежните институции да се јават и постапат кон решавање на случајот и истата да ја отстранат, а не одредени служби да ја префрлаат надлежноста едни на други, истакна Стрезоски.

Притоа тој напомена, ваквиот случај да не добие политичка димензија. Жителите на оваа месна заедница најавија дека ова е почеток на иницијативата, која од ден на ден ќе добива се повеќе на масовност и радикалност и поднесува барање до одборот итно да се закаже седница за нивно отстранување.

Дали навистина мештаните од ова село ќе излезат на блокади е неизвесно имајќи во предвид дека ова село е упориште на актуелната власт од СДСМ. А додека пак градоначалникот редовно доаѓа да пали свеќи во селската црква.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести