Со измените во Законот, здруженијата, партиите, верските заедници, религиозните групи, Црвениот крст, синдикатите и коморите во одредена фаза стануваат даночни обврзници

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 декември, 2018 12:14

И непрофитните организации стануваат даночни обврзници

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Коморите, синдикатите, осигурителните компании се затечени од предложените измени на Законот за данокот на добивка. Се тврди дека не биле консултирани за измените кои ги прави Министерството за финансии.

Од ресорното министерство ги поставија измените на електронскиот национален регистар на прописи и треба да се применуваат од следната година, анализира порталот Фактор.

Според измените како што објави веќе Фактор, точно се определува како и колкав данок ќе плаќаат невладините организации, синдикатите, политичките партии, Црвениот крст. Практично законот сега ќе уредува дека и непрофитните организации стануваат даночни обврзници ако имаат приходи од стопанска дејност.

Ова се прави, велат од Министерството за да не се создава нелојална конкуренција меѓу фирмите и непрофитните организации. Инаку има измени кои ги опфаќаат и осигурителните компании но и вработените кои имаат високи примања.

Имено како што вели предлагачот, ќе како добивка ќе се смета и на неа ќе се пресметува данок на секоја заработка над одреден лимит од исплатен надомест за деловна успешност.

Поради постоењето на случаи на користење на законската можност за исплата на високи износи на вработените на име деловна успешеност на работодавачот, за која се плаќаат придонеси само до износот на највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите (16 просечни плати), како начин на пренесување на дел од добивката без да се плати данок, се оцени дека е потребно да се утврди лимит над кој исплатата на деловната успешност ќе има третман на непризнат расход за целите на утврдување на данокот на добивка. – стои во измените.

Фактор веќе објави дека во измените што сега се предлагаат стои дека здруженијата, партиите, верските заедници, религиозните групи, Црвениот крст, синдикатите, коморите не се обврзници на данокот за заработките од членарини, доброволни прилози, донации, подароци.

Сепак, добивката која е остварена од стопанска дејност е регулирано да се даночи. Стопанска дејност е на пример приходот од издавање на простории под закуп, ако вршат комерцијални обуки и слично.

Непрофитните организации коишто остваруваат приходи од вршење стопанска дејност во рамките на нивното непрофитно делување, заради избегнување на нелојална конкуренција со субјектите на кои добивката остварена од вршење стопанска дејност им се оданочува, стануваат обврзници за пресметување и плаќање на данокот на добивка, доколку вкупниот годишенприход од стопанската дејност е поголем од 2.500 евра во денарска противвредност. – стои во предлог измените.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...