Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век.

Објавил: Весна Петровска | 19 јануари, 2020 10:46

И оваа година Петар беше најсреќниот – по петти пат го вади крстот од водите на Охридското езеро

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во Охридското езеро голем борј на капачи се фрлија да го фаќаат светиот крст, но најсреќен меѓу стотината верници беше 30-годишниот Петар Рупески од населбата Варош, кој прв успеа да доплива до крстот.

Рупески, годинава, светиот крст го фаќа по петти пат.

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век.

Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести