Србинот Дејан Милошевиќ (43) си изградил гробница на два ката која повеќе личи на апартман бидејќи во приземјето има соба во која се наоѓаат два кревета, телевизор и фрижидер.

Објавил: Весна Петровска | 13 ноември, 2019 18:48

И ОВА ГО ИМА: Дејан си направил гробница на два ката, со два кревета, телевизор и фрижидер

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Верувале или не, Србин си изгради гробнца и тоа не било каква, оваа гробница наликува на апартман, дознајте зошто ја направил и колку чини ова „задоволство“.

Србинот Дејан Милошевиќ (43) си изградил гробница на два ката која повеќе личи на апартман бидејќи во приземјето има соба во која се наоѓаат два кревета, телевизор и фрижидер.

– Во мојот работен век кој уште трае, од 365 дена во годината јас 300 дена станувам пред да се раздени, а на нивата работам додека не се стемни. Многу направив и создадов, па сакав да си изградам гробница, вели Дејан.

Нему изградбата на гробницата на два ката му е нормална работа.

-Разговарав со свештени лица и добив поддршка од нив. Во собата во гробницата често одам да си прилегнам и да одморам, а горе во летниковецот се дружиме со пријателите кога е задушница.

Интересно е што Дејан си направил и споменик, но не мермерен, туку направен од дрво,

-За мермерен споменик ми требаше повеќе од 1.000 евра, а ја за тие пари сето ова го направив – вели тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.