Македонското МНР не чита или не сака да знае што пишува грчкото?!

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 јули, 2018 10:27

И официјално за Грција сме лажна и вештачка нација!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На официјалниот сајт на грчкото Министерство за надворешни работи осамна текст насловен како “Проблемите со името” во кој од историски аспект се прави ретроспектива поткрепена со селективно избрани но и фиктивни т.н. факти.

Она што е симптоматично навредливо јавно стои во овој документ. И тоа во време кога Владата на Заев по секоја цена сака да го имплементира Договорот со Грција во кој сме потпишани како “земјата која нема име” притоа убедувајќи не дека промената на Уставното име нема да го промени и националниот идентитет на Македонците. Според грчкото МНР Македонската нација е лажна и измислена – Македонската нација е плод на имагинација и фалсификат на историјата.

“Наспроти оваа историска позадина – Поранешната Југословенска Република Македонија ја прогласи својата независност во 1991 година – засновајќи го своето постоење како независна држава врз вештачката и лажната претстава за “македонската нација” – која систематски се одгледуваше преку фалсификување на историјата и експлоатација на античка Македонија чисто заради политичка експедитивност.”

Прашање на кое македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров – неговиот колега за ЕУ интеграции Османи и премиерот Заев треба да дадат одговор е дали во Преспа постигнаа Договор или потпишаа капитулација на Македонија пред Грција?

целиот текст од грчкото МНР

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика