Ова е плакат од првата Годишна Конференција на УМС на ВМРО ДПМНЕ по расколот и реформите во партијата во 2004та, кога партијата се реформираше внесе нов дух

Објавил: Перо Милчин | 1 ноември, 2018 17:29

И Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски со поддршка до Унијата на млади сили

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ова е плакат од првата Годишна Конференција на УМС на ВМРО ДПМНЕ по расколот и реформите во партијата во 2004та година, кога партијата се реформираше внесе нов дух во македонската политика и победи на следните парламентарни избори.

Плакатата која внесе промени во Унија на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ пред 13 години.

И тогаш раководството на УМС беше на погрешната страна, со исклучок на еден член на ИК (Илија Димовски) сите други заминаа од партијата. За мене тоа беше предизвик и шанса да се направи нешто ново. Се направи!

УМС стана најбитен дел од партијата и основна причина зашто партијата победи на изборите во 2006. А, таа генерација на УМС која имав чест да ја водам стана златна генерација на ВМРО-ДПМНЕ!

Нешто слично е и сега, со тоа што сега само мал дел од раководството на УМС замина.

Тоа е шанса за нови да дојдат и да ја направат УМС подобра, да ја направат организација која ќе ги има одговорите за третата декада од 21от век!

Затоа момци и девојки од УМС променете нешто АЈДЕ!

Да живее УМС на ВМРО ДПМНЕ!

Изјави потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика