Автопатот од Кичево кон Охрид со должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година и според првичниот договор требаше да биде готов во 2018-та. Поради проблеми на трасата, рокот за изградба беше пролонгиран за јуни годинава.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 мај, 2021 6:50

И по седум години изградба, не се знае кога ќе се вози по автопатот Кичево-Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Собранието следниот месец ќе биде доставен Предлог закон за анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, со којшто ќе се продолжи рокот за изградба, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Се уште се преговара за колку време ќе биде продолжен рокот за автопатот што со сегашниот анекс на Договорот со изведувачот кинески „Синохидро“ истекува следниот месец. Со новиот анекс не се предвидени дополнителни средства за реализацијата на проектот од сегашните проектирани 598 милиони евра, пренесе Ohrid 24!

Во текот на јуни ќе влеземе во Собранието, со анекс на договор за овој автопат што ќе значи продолжување на рокот за изградба. Во овој момент Јавното претпријатие за државни патишта преговара заедно со Министерството за транспорт со изведувачите и кредиторите до кога ќе биде реалниот рок за да се изгради овој автопат и за да го продолжиме рокот. Но важно е дека дополнителни средства во овој момент не се предвидуваат, изјави Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање, откако се вакцинираше на вакциналниот пункт во Штип.

Прогресот на работите на автопатот изнесува 62 проценти, а Министерството за транспорт во изминатите месец и половина одобрило 20 од предвидени 70 инфраструктурни проекти за измени на трасата.

-Работите на автопатот се со прогрес од 62 проценти, тоа значи дека од целата сума на чинење од 598 милиони евра на овој најголем инфраструктурен објект на државата се реализирани 62 проценти. Останатиот процент на реализација се работи. Министерството за транспорт и врски во изминатите месец и полововина одобри 20 инфраструктурни проекти, со што на 20 позиции даваме шанса за уште побрз развој на настаните и изградба на овој автопат. Тоа за мене е многу значајно бидејќи од 70 инфраструктурни проекти што ни стигнаа за 70 измени на овој пат веќе имаме одобрени 20. Отвораме силен фронт во оваа градежна сезона да продолжат активностите, рече Бочварски.

Автопатот од Кичево кон Охрид со должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година и според првичниот договор требаше да биде готов во 2018-та. Поради проблеми на трасата, рокот за изградба беше пролонгиран за јуни годинава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...