Клоси кој е поранешен шеф на албанската тајна полиција, најави акции против премиерот и опозицијата на начин на кој "паднал" и премиерот на Македонија, Никола Груевски

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 11:44

И Рама ќе завршел како Груевски, спонзорира Фицо, неговата поранешна сопруга

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот шеф на албанската тајна служба ШИШ, Фатос Клоси кој е познат аналитичар за корупцијата во албанската политиката изјави дека примерот со македонскиот премиер Никола Груевски наскоро ке пристигне и во Албанија.

Клоси во интервју за весникот ,”Сот” нагласува дека “Кругот на албанските политичари кои се коруптирани се стеснува зато треба да се примени и активноста што сега е присутна кај соседот – Македонија”.

Тој додава дека за да се изврши пресметка со коруптираните политичари во Албанија кои се бројни неопходна е и меѓународна подршка.

Неоходно е и Албанија да започне да ги суди корпутираните политичари кои долг период се занимаваат со криминални активности. Примерот со Македонија треба да се примени и во Албанија. – истакнува Клоси.

Оваа оценка на Клоси доаѓа во време кога ЕУ и САД силно притискаат судската власт да се пресмета со политичарите кои се дел од криминалот и корупцијата во земјата. Како власта така и опозицијата изнесуваат меѓусебни обвинувања дека премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата Лулзим Баша се носители на криминални активности .

Клоси кој одлично ги познава политичките и безбедностните состојби во земјата, дава своја анализа и околу повиците на поранешниот претседател и премиер на Албанија Сали Бериша за насилно соборување на власта.

Бериша мора да знае дека такво нешто во Албанија не може да се случи бидејки времето на Бериша е минатo. – подвлекува Клоси. 

Фатос Клоси на функција бил во периодот од 1997 до 2002 година со што “во пензија” испрати 4 премиери на Албанија, Башким Фино (1997), Фатос Нано (1997 – 1998 – кој бил три пати премиер), Пандели Мајко (1998 – 1999), Илир Мета (1999 – 2002 – актуелен претседател на Албанија).

Сите биле членови на Социјалистичката партија на Албанија чиј претседател од 2005 година е актуелниот премиер Еди Рама.

Конфузија во изјавите е фактот што поранешната сопругата на Еди Рама, Делина Фицо е главниот носител на фондацијата на Џорџ Сорос на Балканот.

Делина Фицо е директно одговорна за распределба на милионски суми преку УСАДИ на фондации и организации кои на име граѓански сектор се формирани или финансиски поддржани од Џорџ Сорос во овој дел на Балканот

Имено Делина Фицо е матичната организација за распределба на грантовите на фондациите на Џорџ Сорос за Балканот, па така во 2017 година само распределила околу 9 милиони долари преку американската агенција УСАИД вогласно на организации фондирани од Џорџ Сорос во Македонија.

Фицо е поранешна министерка за локална самоуправа во владата на нејзиниот поранешен сопруг, актуелнииот премиер на Албанија Еди Рама.

Во Македонија тендерот за располагање со овие средства го добил Ист вест менаџмент институтот во партнерство со фондацијата за интернет и општество “Метаморфозис”, Асоцијацијата за демократски иницијативи, Фондацијата „Отворено општество- Македонија“ и Националниот младински совет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.