Академската јавност правно обединета, и да го промениме името и да ги имплементираме уставните измени, Грција со вето пак може да не остави надвор од ЕУ и НАТО членството

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 8:08

И со ново име и со нов Устав, Грција пак може да не блокира

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Професорот Тони Дескоски, сопруг на актуелната министерка за правда, Рената Дескоска го појаснува првниот баук околу промената на името и сите уставни измени кои на крај можат само тешко да ни се одбијат од сопствената глава.

Иако референдумот беше неуспешен и пропадна, противејќи се на волјата на скоро 1.2 милиони граѓани кои гласаа против или ставот против договорот го кажаа без да гласаат на референдумот, Владата реши да предложи уставните промени од овој договор да одат преку Собранието.

Како и во целата кампања, така и сега власта не ни го споменува она што го носи договори, туку само предностите кои би ни ги донела интеграцијата во НАТО и ЕУ, велејќи дека Грција веќе нема да смее да не блокира со имплементација на овој договор.

Во договорот јасно пишува дека за договорот да се спроведе, прво мора да помине на референдум во Македонија, што не беше така во овој случај, бидејќи референдумот беше неуспешен со излезност од само 36.89 проценти излесност.

Експертската јавност вели дека и со имплементација во Собранието и промена на Уставот во Република Македонија, Грција може да ја блокира интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, токму поради референдумот.

Ова го потврдува и сопругот на министерката за правда Рената Дескоска, универзитетскиот профеоср Тони Дескоски, кој вели дека поради неуспешниот референдум Грција секогаш ќе може правно засновано да одбие да го ратификува протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Денеска гласавме. И покрај сите полемики, моето мислење е дека прашањето беше кристално јасно. Кристално јасно е и дека на референдумот немаше доволен број на граѓани кои би се изјасниле на поставеното прашање. Сега, кога имаме неуспешен референдум , чувствувам потреба да укажам на една одредба од Преспанската спогодба, која во значителна мерка може да влијае на идните постапки. 

Имено, во чл. 2 став 4, точка б, алинеја 2 (втора,трета и четврта реченица), изречно е пропишано дека поддршката на Грција за наше зачленување во НАТО е условено од исполнувањето на два кумулативни услови: прво, од исходот на референдумот (кој мора да е конзистентен со Спогодбата) и второ, усвојувањето на Уставните амандмани (четири на број).

Тоа значи дека без исполнување на било кој од двата услови, Грција нема да има обврска да не поддржи за членство во НАТО. Тоа пак значи, дека дури и да ја ратификуваат Преспанската спогодба во нивниот парламент, ние ќе бидеме во нивна милост или немилост, за тоа дали ќе не пропуштат во НАТО. Грција секогаш ќе може да се повика на неуспешниот референдум, и совршено правно засновано да одбие да го ратификува протоколот за наше пристапување во НАТО. Тогаш, ниту Меѓународниот суд на правдата нема да пресуди за нас. Оттука, пред да се пристапи кон уставни измени, укажувам на опасноста со која се соочуваме, дури и ако амандманите бидат усвоени. -напиша во завршувањето на референдумскиот ден на 30 септември, професорот Дескоски.

По ова сосема е јасно зошто професорката по Уставно право, актуелна министерка за правда, Рената Дескоска одби да биде претставник на предлагачот за уставни измени, т.е. ја прекрши востановената практика и законска логика по претседателот на Владата на Македонија, претставник да биде министерот за правда, за што магазин.мк пишуваше вчера.

Дескоска одбила да биде претставник за Уставните измени?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.