По Бранко Црвенковски и командант Форина алијас Талат Џафери избришан од избирачкиот список за кој СДСМ тврдеше дека е еден од најлегитимните во историјата на Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 20:18

И Талат Џафери избришан од избирачкиот список

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И само прогласениот претседател на Собранието Талат Џафери го немало во избирачкиот список и денеска не можел да гласа на денешниот референдум.

При пребарување на апликацијата за избирачки список на sec.mk (ДИК), неговото име го нема на списокот.

Претходно јавноста дозна дека и поранешниот претседател Бранко Црвенковски не гласал оти и него го немало на избирачкиот список. Црвенковски се обидел да гласа со пасош, објави Цивил, но бидејќи го немало неговото име не му било овозможено да гласа на ИМ во Капиштец.

Народниот правобранител во неколку изборни циклуси нотира дека при правењето на избирачкиот список се користи спорна методологија, односно од него автоматски се бришат сите оние на кои им истекува важноста на личната карта помеѓу затворање на избирачкиот список и денот на спроведувањето на изборниот процес.

Досега не е преземено ништо во врска со тоа прашање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...