Тврдо вареното јајце може да остане свежо до 5 дена, доколку се чува во ладилник а ќе познаете дали е расипано по мирисот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 април, 2019 22:57

И тие имаат рок- еве колку дена може да се јадат вапцаните велигденски јајца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска се вапцаа првите јајца. Но она што треба да знаете за велигденските јајца е дека тие имаат пократок рок од свежите.

Тоа е така бидејќи со процесот на варењето на јајцата, се трга нивниот заштитен надворешен слој, па така самото јајце е по не отпорно на воздухот кој продира, како и бактерии, па може да дојде до труење со јајцата.

Во недела е Велигден, денот на воскреснувањето на Исус Христос. На овој ден широко е распространета традицијата кршење со велигденски јајца за здравје, среќа и напредок.
Велигден е тридневен празник кој покрај недела ги вклучува и понеделник и вторник. На Велигден верниците се поздравуваат со поздравот „Христос воскресе“ и „Вистина воскресе“.

Тврдо вареното јајце може да остане свежо до 5 дена, доколку се чува во ладилник а ќе познаете дали е расипано по мирисот. Доколку зебележите дека варените јајца имаат непријатен мирис, кој потсетува на сулфур, веднаш фрлете ги. Ако јајцата се на собна температура, рокот им е 2-3 часа. За да бидете сигурни дека јајцата нема да се расипат откако ќе ги сварите и бојадисате,  и веднаш ставете ги во фрижидер.

Нутриционистите исто така предупредуваат од прејадување. Доколку постевте во тој случај, препорачуваат постепено да започнете со внес на мрсна храна и млечни производи. Исто така  внимавајте и на бројот на јајцата кои ќе ги изедете, ова посебно важи и за децата. Според нутриционистите, потребно е да внесете три јајца на ден и притоа да внимавате на внес на холестерол преку други производи. Инаку, јајцата се доста хранливи и претставуваат богат извор на протеини, витамини и минерали. Тие спаѓаат во исхрана која не се вари брзо. За едно јајце се потребни два до четири часа. Јајцата треба да ги комбинирате со зеленчунк, семки, маслиново масло, а никако со месо. Во салатите со јајца не треба да се додава мајонез. Најдобро е таквите салати да бидат што е можно помалку калорични, со повеќе зеленчук. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...