Новак Ѓоковиќ ја изнесе својата понежна страна, тој проговори за родителството, односот со децата и колку тешко нему, но и на нив им паѓа товарот на неговата работа.

Објавил: Весна Петровска | 13 декември, 2019 18:37

И Ѓоковиќ страда, ова не може да го совлада: Ме боли кога Стефан ќе ме праша тоа!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ раскажа детали од приватниот живот и признава дека му е тешко да пронајде баланс меѓу работата и родителството.

Новак Ѓоковиќ ја изнесе својата понежна страна, тој проговори за родителството, односот со децата и колку тешко нему, но и на нив им паѓа товарот на неговата работа.

Тој мора постојано да води сметка да биде пример не само на Стефан и Тара, туку и на децата ширум светот.

Некогаш на терен го совладуваат емоции кои не може да ги контролира, а по сопственото признание, Стефан и Тара не сакаат да го гледаат таков.

Понекогаш не сум горд на своето однесување на терен, открил Новак, а потоа додал: Стефан се уште е мал и не разбира дека татко му е еден од најдобрите играчи на планетта и дека ужива голем популарност.

Потоа опишал сцена која му се случила додека поминувал време со синот.

Играв фудбал со него на улица и луѓето ми приоѓаа и бараа да се фотографираме. Се разбира им ја исполнував таа желба, а тогаш син му ме праша: Тато, ги познаваш тие луѓе?Зошто ти приоѓаат?Не знаев што да му одговорам, па му реков: Понекогаш играм тенис и понекогаш сум на телевизија- открил Ѓоковиќ.

Новак го заболува кога Стефан ќе го праша зошто поминува време на теренот, а не со него.

Стефан понекогаш ме прашува: Тато, зошто си на тениски терен, а не со мене? Тоа боли, ја изнел својата болка Новак после освојување на Лауреус награда.

Се обидувам да бидам најдобар татко. Се трудам да бидам и најдобар тенисер и најдобар родител во исто време. Навистина давам се од себе – рекол Ѓоковиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести