СЈО е нелегитимно обвинителство формирано преку "политичка одлука" која се стави над Уставот и законите, оттука и нелогичноста Дескоска да инсистира озаконување

Објавил: Мартин Попоски | 3 јануари, 2019 9:12

И Јавното обвинителство подготвено да се легализира неуставното СЈО

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иницијативата на министерството за правда, неуставното СЈО, формирање како политичка одлука, да стане составен дел од судската власт, отвора и низа прашања поради кои можно е да се создаде судир на ингеренции.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека суштествено е да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на Специјалното јавно обвинителство.

Со Стратегијата за реформи на правосудниот систем на Владата на РМ, предвидено е СЈО да стане дел од обвинителскиот систем. И јас се залагам да има единствен закон во кој ќе се инкорпорира и работата на СЈО како посебно обвинителство во мрежата на Јавни обвинителства. Работната група која работеше на подготовка на Законот изготви ваква верзија. – истакнува Јовески.

Според него, мора да се вреднува и да се земе предвид дека Специјалното јавно обвинителство, постави нови стандарди и нова перцепција за обвинителството, пред се во истражувањето на предметите и изборувањето за целосна финансиска независност.

СЈО наметна и поинаков начин на работење, како што е транспарентноста во работењето и покрај тоа што со одредени постапки не се согласувам.

Моја заложба е СЈО во делот на кривичните дела за кое е основано да ја задржи досегашната самостојност за тие кривични дела, а со оглед дека му се додава нова надлежност за кривични дела од областа на корупцијата од избрани и именувани лица и потешки кривични дела, за таа надлежност да важат општите правила како и за другите обвинителства.

Се разбира дека за определени постапки треба  да се определи негова самостојност, но особено сметам дека е суштествено да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на ова обвинителство. – вели Јовески. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести