Магазинот „Тајм“ објави искуство на една американка со коронавирусот. Дани Аскини од Бостон, САД, неодамна почувствувала силна болка во градите. Дани се пожалила на онкологот дека чувствува болка во градите, недостаток на здив и мигрена, на што добила дијагноза лимфома. Откако поминал одреден период, Дани повторно се јавила на доктор велејќи дека препишаните лекови не и помагаат, па докторот се сомневал дека станува збор за алергија, па ја испратил Асини во итна помош каде лекарите и рекле дека најверојатно има пневмонија и ја испратиле дома.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 март, 2020 17:52

И ја погрешиле дијагнозата па ја тестирале за ковид-19, потоа добила сметката од 35 илјади долари

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Коронавирусот кој сее страв низ светот, не ја заобиколи ниту Америка.

Магазинот „Тајм“ објави искуство на една американка со коронавирусот. Дани Аскини од Бостон, САД, неодамна почувствувала силна болка во градите. Дани се пожалила на онкологот дека чувствува болка во градите, недостаток на здив и мигрена, на што добила дијагноза лимфома. Откако поминал одреден период, Дани повторно се јавила на доктор велејќи дека препишаните лекови не и помагаат, па докторот се сомневал дека станува збор за алергија, па ја испратил Асини во итна помош каде лекарите и рекле дека најверојатно има пневмонија и ја испратиле дома.

Вчера во САД биле регистрирани 2.411 нови случаи, а вкупно заболени се 46.154 лица. Бројот на починати се зголемил на 29 за еден ден.

Аскини успеала по неколку денови да се ослободи од високата телесна температура, но болката во белите дробови станувала се поголема, а таа почнала да кашла и се гушела поради течноста во белите дробови. Таа недела Дани два пати се јавила во Итна Помош и конечно ја добила вистинската дијагноза. Била тестирана за коронавирус на седмиот ден од нејзината болест. Откако лекарите и дале терапија за грип и пневмонија,  ја испратиле дома за да закрепне.

Но повторно дијагнозата била погрешна. Имено три дена потоа се испоставило дека всушност таа е заболена од ковид-19.

Покрај смртоносниот вирус Ковид19 кој го добила, американката Аскини ги добила и сметките за тестирање и целиот третман со лековите во износ 34.927 долари.

Аскини не била здравствено осигурана, како и 27 милиони други па затоа добила толку дебела сметка. Таа се пријавила за помош и се надева дека програмата ретроактивно ќе ги покрие нејзините сметки.

Имено заклучно до денеска драстично се зголеми бројот на заболени од коронавирус во САД со што тие станаа трети во светот по бројот на случаи на заразени со Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.