Јас како главен уредник од првиот ден имав хонорар од 50 илјади денари, не евра да не се збуните, и целиот износ го примав не на рака туку преку авторска агенција со платен персоналец.

Објавил: admin@magazin | 6 септември, 2019 17:38

КАБРАНОВ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: „Од Боки 13 добив кошула, марама и 70 илјади денари„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Свесен сум дека 1тв и пред тоа беше но со аферата и посилно ќе биде вреќа за боксирање и офирање на, како што не викате, ѕвезди, бардови и слично.

Јас како главен уредник од првиот ден имав хонорар од 50 илјади денари, не евра да не се збуните, и целиот износ го примав не на рака туку преку авторска агенција со платен персоналец.

Последните два месеца менаџментот самоиницијативно ми го покачи хонорарот на 70 илјади. Потоа сам го прекинав ангажманот од здравствени причини.

Се ова околу сумите има во авторска агенција, а имам и јас дома, можам да ви ги дадам на увид. Рекламни минути ни во оваа, како во ниедна телевизија каде сум бил сум немал, така што се што сум добивал од 1ТВ е документирано во авторска. Да ви помогнам докрај во истражувањето – да, од Бојан за роденден добив кошула и марама и тоа е се.

Никогаш, ни во а1 ниту во Канал5 ни во Алфа па ни во 1 тв не сум се интересирал кој колку зема бидејќи тоа е договор на новинарот со газдата во кое, според мене, нема место главниот уредник да се меша или да се распрашува. Така беше и во 1ТВ, Кој колкав хонорар договорил нити ме интересирало нити сум помислил да се распрашувам, пишува Кабранов.

Впрочем, во Канал 5 бев 5 години главен уредник пред 15 тина години и тогаш таму платата ми беше 60 илјади, а ја добивав како сите на рака во плико, не на сметка. Можете тоа да го проверите во евиденцијата на вашата телевизија. Кога ги средував документите за пензија видов дека во Канал 5 сум бил пријавен на минималец, каков апсурд главен уредник со 10 тина илјади денари плата.

Но тоа е моја вина што не сум проверил, а зошто УЈП не реагирале не знам. Околу закупените минути реклама реков дека никогаш сум немал такво нешто но и не гледам криминал во тоа. Впрочем, и на Канал 5 имаше надворешни емисии, авторите закупуваа минути а газдата добиваше бесплатна емисија и чинам минути и за телевизијата да пласира реклами во таа емисија. Ве охрабрувам да истражите се, но да не се заобиколите себеси и сестринските медиуми де. Бидете поздравени и пишувајте и истражувајте.

п.с Ова решив да го објавам јавно на мојот фејсбук не на адресата на истражувачката телевизија на која и порачувам, се што има или ќе ископа за мене, а кое ќе ме компромитира како алчен платеник слободно да објавите. И да нема љутиш, почнете или барем завршете го истразувањтп со вашиот двор .

АЦО КАБРАНОВ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...