Во емисијата Каевски во еден момент се изјасни дека премиерот Зоран Заев, со својот потег за преспанскиот договор успеал да го постигне тоа што го постигнал ТИТО во СФРЈ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 март, 2019 10:26

Каевски: Премиерот Заев е новиот Јосип Броз Тито!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дарко Каевски, претседателот на младината на СДСМ, вчера заедно со Александар Пандов, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, вчера беше гостин во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

Каевски беше потпретседател на младината на СДСМ, а по заминување на Стефан Богоев, актуелниот градоначалник на општина Карпош, Каевски дојде на чело на младината на СДСМ

Во емисијата Каевски во еден момент се изјасни дека премиерот Зоран Заев, со својот потег за преспанскиот договор успеал да го постигне тоа што го постигнал ТИТО во СФРЈ.

Каевски го споредува Заев со Тито во контекст на тоа дека неговите родители секогаш говореле дека во времето на Јосип Броз Тито се чувствувале најмногу признаени и им било најдобро, па Каевски тврди дека ќе дојде време кога ние ќе кажуваме на нашите деца и внуци дека живеевме во времето на Зоран Заев кој заедно со Владата го решил деценискиот проблем на Македонија.

Ова го изјави вчера Дарко Каевски во дебата на ТВ21.

– Зоран Заев заедно со владата успеал да го реши деценискиот проблем, успеал да ги надмине сите оние препреки и бариери,успеал да покаже сериозна доза на лидерство,да се исправи пред сериозен предизвик,притоа нарушувајчи го сопствениот рејтинг се со цел оваа држава да биде интегрирана истакна Каевски.

Каевски додава дека со потпишување на договорот од Преспа, Заев направил добро за младите, тој единствено сакал младите да ја гледаат својата иднина тука, а не во странство.

На ваквата изјава на Каевски за цело време во кадар беше Александар Пандов, кој буквално се изнасмеа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.