Првата неработна недела во Црна Гора за вработените во трговија ќе биде 20 октомври, соопшти Дирекцијата за инспекција.

Објавил: Македонка Димкин | 15 октомври, 2019 20:51

Казна од 1.000 до 10.000 евра за оние што работат во недела!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во Црна Гора се посериозни, од 20 Октомври почнуваат со првата неработна недела, која што ќе мора да ја испочитуваат сите трговци., Инспекцијата повикала на почитување на одредбата со цел да се избегнат казните. Кој ќе ја отвори продавницата во недела, ќе се соочи со парична казна од 1.000 до 10.000 евра.

Во случај на прекржување на законотсе предвидува и трајно затворање на објектот.

» Ги потсетуваме сите стопански субјекти што се занимавааат со трговија на големо и мало на пропишаната одредба од член 35а од Законот за внатрешна трговија, кој стапи во сила на 14 октомври, што практично значи дека првата неработна недела е 20 октомври, како што е пропишано со наведениот член – велат од Управниот одбор.

За споредба во Макеодонија скоро сите продавцници работат и во Недела. Додека пак во Германија најсилната членка на ЕУ
водечки трговски претпријатија  бараат слобода при одлучувањето дали нивните продавници ќе бидат отворени во недела или не. За ова прашање се дискутира со децении.

Едни едвај ја чекаат неделата да се одморат, други пак сакаат да одат на шопинг, бидејки преку цела недела работа, кој е во право? Фото Принтмедиа

Целта на иницијативата „Недела по сопствена определба“ е да стави крај на дискриминацијата на трговијата на мало во градовите, изјави шефот на концернот Карштат, Штефан Фандерл. Недела е еден од најважните денови за купување во онлајн-трговијата. Сега мора да се стави крај на нелојалната конкуренција, бараат трговците и нагласуваат дека притоа нивна цел не е да се работи секоја недела од годината.

Дали и колку често стоковните куќи и продавниците би работеле во недела би требало да им биде препуштено на одлучување на самите трговци, сметаат во иницијативата „Недела по сопствена определба“. Во моментов, тие имаат право да работат неколку недели во годината, а одлука за тоа носат покраините. Термините пак ги определуваат општините.

Додека во многу германски покраини смее да се работи во четири недели од годината, во Берлин е тоа дозволено во десет недели. Шефот на Здружението на трговци на Германија (ХДЕ), Штефан Гент, нагаласува дека регулација како во главниот град „се чини дека е во согласност со Уставот“.

И во Швајцарија Неделата е светол ден, така на пример во Недела смее да се работи само за време на  божичните празници и тоа само две недели. Недела си е Недела и е ден одреден  за одмор велат швајцарците. Сепак исклучок е Аеродромот во Цирих каде што има огромен тгровски центар и кој работи нон-стоп

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.