Пресметано во турски лири, паричната казна, изнесува 73.747 турски лири 

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 февруари, 2020 10:39

Казна од 11 илјади евра за берење кокичиња

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Националниот парк во Турција, на планината Спил, донесе одлука дека секој кој што ќе откине кокиче, ќе треба да плати казна над 11. 126 евра, објави приватната телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Пресметано во турски лири, паричната казна, изнесува 73.747 турски лири 

Кокичињата се растенија со бели цветови, кои сите ги знаат како предвесник на пролетта. Тие во Турција растат на планината Спил во округот Маниса, западна Турција. Веќе почнаа да се појавуваат од под снегот, како предвесник на пролетта.

Се смета дека потеклото на кокичињата е од Мала Азија и Европа.

Родот кокиче вклучува околу 20 видови на ниски, монокотиледонски и многугодишни растенија кои и припаѓаат на семејството на кокичињата. Најпознат вид е Galanthus nivalis. Подземниот орган на сите претставници на овој род е ситна луковица. Кокичињата се распространети најмногу во умерениот климатски појас, каде има снежна и студена зима. Тие се првите растенија кои цветаат во пролет, и тоа пред да се стопи снежната покривка. Нивните листови се мембранозни, нежно зелени, со паралелна нерватура и немаат лисна дршка. Имаат снежно бели венечни ливчиња (6 на број), кои речиси се целосно сраснати. Тие имаат многу пријатен мирис. Само надворешните три венечни ливчиња се разделени, додека останатите се сраснати. Во нивната средина се наоѓаат толчникот и плодникот.

Фамилијата на кокичињата е нашироко распространета – таа вклучува видови кои виреат во многу различни услови. Некои се распространети во потоплите климатски зони (понекогаш пустини), но ги има и по влажни предели. Други цветаат по стопувањето на снеговите на планините.

Фамилијата на кокичиња вклучува многугодишни, монокотиледонски, цветни тревести растенија. И денес во однос на овие две фамилии постојат недоразбирања, но според современата класификација, родовите во нив веќе се строго подредени. Постојат и случаи кога некои родови се мешаат со фамилијата на Лукови (Alliaceae). Едни од најпознатите претставници се нарцисот и кокичето. Повеќето кокичиња се одгледуваат како украсни растенија, бидејќи имаат убави цветови. Меѓутоа, некои од видовите се загрозени и се заштитени со закон. Такво растение е, на пример, ворслејата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.