Исто така има право на свое лично обезбедување, како и право на користење службено возило и сопствен возач.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 мај, 2019 18:27

Какви привилегии ќе има претседателот Иванов после завршувањето на функцијата?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Наскоро му истекува и вториот мандат на претседателот Ѓорге Иванов. Тој се уште не ја информираше јавноста каде ќе ја продолжи својата професионалната кариера.

Според Законот за правата во Република Македонија, на претседателот Ѓорге Иванов и неговото семејство после завршувањето на претседателската функција, тој има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има исто така право на канцелариски простор и три соработници.

Исто така има право на свое лично обезбедување, како и право на користење службено возило и сопствен возач.
Законот на Република Македонија во врска за поранешен претседател, предвидува и да учествува на државни свечености и манифестации редоследно по претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата и претседателот на Уставниот суд.

Буџетот на Република Македонија ќе ги обезбедува овие пари. Во случај на смрт на претседателот за време на мандатот, пензијата ќе биде намалена за 30 отсто, и истата ќе ја користат неговата сопруга и неговите малолетни деца до завршување на редовното школување, односно до наполнети 26 години.

За време на неговата кариера во невладините организации и академскиот свет, Иванов држел сите партии во Македонија, преку разни програми на странски организации. Иванов првично ја поддржувал левицата, за подоцна цврсто да за почне да ја поддржува конзервативната ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорге Иванов е претседател на Македонија, избран на претседателските избори во 2009, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. На функцијата стапил на 12 мај 2009, а за втор мандат бил избран во 2014 година.

Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје. Иако во младоста се интересирал за технички науки, завршил право на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Извесно време работел како новинар во МРТ, а бил и член на подмладокот на Сојуз на комунистите на Југославија. Во 1998 станал професор на Правниот факултет во Скопје, а ја извршувал и функцијата продекан на факултетот во еден мандат. Пред да стане претседател, имал левичарски убедувања и бил активен во невладиниот сектор како член на управниот одбор во фондацијата Отворено Општество. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.