Портпаролот на парот изјави дека Џонсон и Симондс биле многу среќни што ги објавиле вестите, пренесува Би-Би-Си.

Објавил: admin@magazin | 8 март, 2020 18:43

КАКОВ БРЕГЗИТ КАКВА КОРОНА: Џонсон се вери, чека и дете- Британскиот премиер објави среќни вести

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата девојка Кери Симондс очекуваат бебе, соопштија паровите.

Портпаролот на парот изјави дека Џонсон и Симондс биле многу среќни што ги објавиле вестите, пренесува Би-Би-Си.

Британскиот премиер Борис Џоонсон и неговата сопруга Марина Вилер неодамна постигнаа договор за развод. Тој со својата партнерка Кери очекува бебе кое ќе пристигне на почетокот на летото.

Кери Симондс треба да се породи на почетокот на летото, додава таа. Тоа ќе биде првото дете на парот, според Ројтерс, повикувајќи се на „Скај њуз“.

Џонсон и неговата поранешна сопруга Вилер, кој е адвокат, неодамна се разведоа. Тие се венчаа во 1993 година и имаат четири деца.

Тие во септември 2018 година објавија дека планираат да се разведат. 

Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен јазик.

Дипломирал класични науки на Универзитетот во Оксфорд, во Лондон се вработил како советник за менаџмент, но дал отказ по само една недела.
Ја почнал кариерата како новинар, а не како политичар, но набрзо западнал во неволја.
Почнал во лондонски Тајмс каде предизвикал скандал кога напишал статија за археолошко откритие – измислил изјава за која лажно тврдел дека ја добил од историчарот Колин Лукас, негов кум. Поради тој скандал е отпуштен од Тајмс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.