Според информациите до кои дојде порталот, македонските граѓани што се враќаат во државава преку аеродромот во Ниш на македонските безбедносни служби им пријавиле дека уште на самиот аеродром имаат можност за 50 евра да купат фалсификуван негативен ПЦР-тест.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јуни, 2020 11:58

КАКОВ СРАМ: Негативен тест за коронавирус може да купите на влез во земјава- на Табановце чини 65 евра

Фото/Текст извор: ©мкд.мк

Македонските превозници што се приморани при влез во Македонија да покажат ПЦР-тест за ковид-19 не постар од 72 часа, предупредуваат дека во јужна Србија тоа станува добар илегален бизнис. Негативни ПЦР-тестови може да се купат дури и на бензинска пумпа кај Врање, објави МКД.МК.

Според протоколот, секој македонски граѓанин при влез во земјата треба да покаже негативен тест не постар од 72 часа, а ако нема, ќе биде испратен во 14-дневен државен карантин.

Според информациите до кои дојде порталот, македонските граѓани што се враќаат во државава преку аеродромот во Ниш на македонските безбедносни служби им пријавиле дека уште на самиот аеродром имаат можност за 50 евра да купат фалсификуван негативен ПЦР-тест.

Но не само тоа, туку и превозниците што влегуваат во Македонија на граничниот премин Табановце пријавуваат дека за 65 евра таков негативен тест без проблем можат да купат по бензинските пумпи кај Врање, дознава МКД.МК.

Владата ќе го разгледа предлогот да се овозможи тестирање, земање брисеви, на граничните премини, а акредитираните лаборатории потоа резултатите електронски да ги праќаат по премините.

Инаку заклучно од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПСР-тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, објави вчера премиерот Оливер Спасовски.

Премиерот напиша и дека Владата вчера  донела Одлука од 1 јули, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.