Вилма Русоска за Плусинфо изјавила дека извештајот од вештачењето е готов и стигнал во Обвинителството за гонење оргаанизиран криминал и корупција.

Објавил: Весна Петровска | 22 јули, 2019 14:41

КАКОВ СТАТУС ЌЕ ДОБИЕ КАТИЦА ПОСЛЕ ОВА: Извештајот од вештачењето на мобилниот на Јанева во рацете на Рускоска

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Одземениот телефон на шефицата на специјалното обвинителство Катица Јанева конечно е прегледан.

Вилма Русоска за Плусинфо изјавила дека извештајот од вештачењето е готов и стигнал во Обвинителството за гонење оргаанизиран криминал и корупција.

Русковска го доби извештајот од вештачењето на мобилниот на Јанева

Во интерес на истрагата, велат тие, официјални детали од тоа што покажало вештачењето не можат да соопштат. Тоа беше нарачано со цел да се види нејзината комуникација со првоосомничениот во овој предмет, Бојан Јовановски – Боки 13, но дали извештајот кој е направен ќе и донесе и статус на осомничена, засега нема информации.

Катица Јанева засега не е под истрага, бидејќи нема доволно докази, но дента кога обвинителката Вилма Русковска ја отвори истрагата и ги приведе Боки 13 и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец, издаде наредба и за одземање на нејзините мобилни телефони.

Истражителите од нејзиниот дом се вратија со само еден од двата мобилни бидејќи за другиот рекла дека го изгубила. Русковска, викендов во интервју за Сител ТВ, кажа оти синот на Катица, Лазар Јанев, рекол оти вториот мобилен е изгубен во Белград.

Катица Јанева си даде оставка минатиот понеделник, дента кога беа уапсени Боки 13 и Зоки Кичеец. Од тогаш, нема информации каде се наоѓа таа, освен дека ден потоа, во вторник, отворила боледување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести