Зошто Орце Камчев цела година откако почнал рекетот, а десет месеци откако го дал исказот пред Вилма Русковска, дури сега го споменува името на обвинетлката Лиле Стефанова, инаку надлежен обвинител во случајот „Империја“?

Објавил: Весна Петровска | 9 декември, 2019 12:05

Како ЛИЛЕ СТЕФАНОВА стана МЕТА на Орце Камчев?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Инфомакс прашува зошто обвинителката Лиле Стефановска стана мета на бизнисетнот Орце Камчев.

Зошто Орце Камчев цела година откако почнал рекетот, а десет месеци откако го дал исказот пред Вилма Русковска, дури сега го споменува името на обвинетлката Лиле Стефанова, инаку надлежен обвинител во случајот „Империја“?

По долго и мачно убедување, што е дополнување на исказ, а што промена на аргументи и факти од веќе даден исказ, бизнисменот Орце Камчев кој денес сведочеше во случајот „Рекет“ против Бојан Јовановски и Катица Јанева, во корелација ја доведе и обвинителката Лиле Стефанова која пак е надлежен обвинител во случајот против него „Империја“.

Орце Камчев сведок за „Рекет“
ФОТО: DW

Но, зошто е тоа така?

Иако помина цела година од рекетирањето на Камчев, и речиси десет месеци откако пријавил кај Вилма Русковска, пред која имал повеќе од две можности да ја доведе во контекст и Стефанова како дел од „рекетарската шема“, бизнисменот, тоа одлучи да го направи дури денес. На рочиштето на кое тој сведочеше. Арно ама, корелацијата на Лиле Стефанова со „рекетот“ е, во најмала рака кажано – млатење празна слама.

Според Камчев, Лиле Стефанова наводно барала деловен простор од 200 квадратни метри за стоматолошка ординација, а ако тој тоа го обезбедел, тогаш Стефанова ќе обезбедела позитивно мислење за домашен притвор, односно, враќање на патна исправа. И тоа, според Камчев, било договарано преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец, кој пак на Камчев му објаснил дека деловниот простор кој наводно го барала Стефанова требало да се наоѓа токму во зградата на „Адроа“ чиј сопственик е токму споменатиот Ванчо.

Судењето за случајот Рекет во вторникот започна со доцнење од околу еден час. На судењето Боки 13 се појави во судницата со здравствени проблеми и изјави дека не е во можност да го следи судењето. по што имаше половина час пауза и во судницата беше повикана лекарска пмош. Пред судот Боки и Катица Јанева се изјаснија како невини, Боки истакна дека ќе каже кој се крие зад целиот случај а Зоран Милески Кичеец доби казна затвор од три години.

Ајде мајката, што би рекол Заев.

Камчев не запира тука, напротив, продолжува да посочува детали за наводен разговор во некој скриен стан на Чифлиганец каде тој со обвинителката „се напил виски прв пат по толку години“, и се договориле деловниот простор од 200 квадрати, Камчев за Стефанова да го обезбеди во зградата „Флатрон“. Пазете логика, Чифлиганец договарал дуќан со Стефанова во неговата зграда, за кој требало да плати Камчев кој пак би добил патна исправа. Кога не би било комично, би било трагично…

Од она пак што го знам јас, од мои извори во истрагата, точно е дека Чифлиганец имал средба со Лиле Стефанова.
Но таа средба била на барање на Чифлиганец, а се одржала во просториите на СЈО, поточно во канцеларијата на Лиле Стефанова. На таа средба, Чифлиганец се обидел да лобира кај Стефанова на локал-патриотска основа – бидејќи и двајцата се од Радовиш – уште во фаза на предистрага за случајот „Империја“. Ова се случило во моментите кога Камчев дознал дека е под истрага, па побарал услуга од сопственикот на „Адора“ Ванчо Чифлиганец. Состанокот завршил куртоазно, а другарот на Камчев заминал со „празни раце“, бидејќи обвинителката ги одбила барањата за услуги и прогледување низ прсти.

Дека немало средби во станови потврдува и самиот Ванчо Чифлиганец, кој во денешниот демант, објаснува:

„Би сакал одговорно да ѝ соопштам на јавноста, дека во животот и конкретно во случајот, ниту ми е барано, ниту сум нудел од мое име, или во друго име, било каква недвижност, или било каква материјална корист. Одговорно тврдам дека во врска со конкретниот случај, немало никаква средба, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан. Секогаш сум бил подготвен да им помагам на луѓето во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно спомнување на моето име“ – вели Чифлиганец во неговиот демант по сведочењето на Камчев.

Повеќе прочитајте ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести