Таму само може да попукаат фасадите од неговиот глас, ужасно неискористен и со леснотија отфрлен, само заради политичките амбиции, во кои дивјаштвото е цената за херојските подвизи на несфатениот уметник.

Објавил: Мате Парлоф | 29 февруари, 2020 14:33

Како му се корнеше душата на Игор Дурловски

Фото/Текст извор: ©тв нова

Тогаш кога паѓаат фасади од згради, паѓаат и глави, и тоа воопшто не метафорички, за жал, за огромна жал.

Но, она што оплеменува во ваквата ситно калкулантска политичка поезија, е користа од струполувањето на фасадите на Скопје 2014 по плочниците за почеток, за главите сепак да останат бистри, по ветарот во Скопје неделава.
Корнењето на душата од ваквите немили настани ечеше преку милозливиот баритон на оперскиот пејач, Игор Дурловски, попознат како еден од најважните актери во Крвавиот четврток- кога стапија на сцена уметничките величенствени тонови на насилство и дивјаштво во Собранието, врз опозициските пратеници- од страна на криминалните поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Дурловски, за кој се говори дека ќе биде на кандидатските листи на оваа партија, смета дека “со невремето не бea оштетени објектите кои СДСМ ветувале дека ќе ги изгради”.
Жалта ја пустоши душaта на визионерот како Дурловски, кога ќе помисли само на неспособноста на Заев и Шилегов, што не ја согледуваат далекусежноста од последиците да не се изгради уште едно Скопје, 2020, за почеток. Таа тага на нашиов оперски гигант помешана со бес за овие двајца тотални некадарници е далеку позната и прочуена, и за неа нема што многу и да се додаде и ламентира повеќе.

Можеби и би вределе аргументите истресени од нивните два ракави- дека нема навистина и место каде би можело да се интервенира повеќе, доколку некој помрачен ум и би сакал тоа да го стори, по криминалниот ласвегасовски проект на пријателите на Дурловски, но во сето тоа, се наѕира и опипува мрзеливоста и некомпетентноста на оваа небарокна двојка Заев- Шилегов.

Вистински политички гиганти би граделе и на милиметарски простор низ центарот на Скопје, во најмалото дупче и со ситни штрафчиња рачно би конструирале планини од архитектура.
Великани во политиката би се качувале по прозорци и би влетувале по домовите, можеби дури и честа би ја имал и Дурловски, да му го забрикадираат тоа малиот простор што бог му го доделил за да твори. Ех, наспроти таа сјајна планетарна кариера која ја отфрла и само се согласува да настапува на Комитиски вечери- од типот Гоцева, 49 по ред, кај иселениците во Торонто-Канада.

Таму само може да попукаат фасадите од неговиот глас, ужасно неискористен и со леснотија отфрлен, само заради политичките амбиции, во кои дивјаштвото е цената за херојските подвизи на несфатениот уметник.
Тој во своите, се уште небарокни одаи, останува запрепастен од лаконската изјава на Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, дека за фасадата на МЕПСО “важел градежниот закон- веројатно нема да дувне ветар”.

Нашата среќа е сепак, што ниту еден ветар никогаш нема да може да го оддува Дурловски, еден од најсјајните татковци на крвавите глави, и не само тој четврток, кога командата беше дадена да се гине, но главите да паѓаат од другата страна, пред да ги сервираат на барокните фасади. Така само Гоцевиот свет може да се дувне и да се раскрши во парчиња, но за тоа Дурловски повеќе има што да раскажува.

Биљана Секуловска

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...