Како да ги заштитите вашите деца

Објавил: admin@magazin | 1 јули, 2018 9:12

Како разводот влијае врз децата?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Честопати, родителите кои размислуваат за развод се прашуваат која возраст е најдобра за нивните деца. Не постои “магичен” број кој дефинира кога децата се најприлагодливи, сепак возраста е значаен фактор за разгледување. Но, тоа не е единственото. Ако размислувате да поднесете развод, земете ги предвид следните фактори.

Што треба да размислите пред да се разведете?

Колку децата се приврзани за родителите?

Децата кои имаат силна приврзаност кон двата родители можат да имаат потешкотии да се справат бидејќи се чувствуваат принудени да бидат лојални кон двата родителите. Освен тоа, запомнете дека вашите деца имаат потполно право да ја задржат истата врска со секој родител што ја уживале пред разводот. Значи, ако вашите деца се блиски со вас двајцата во моментов, можеби ќе треба да поминете низ разводот со очекување дека ќе го делите старателството.

Дали вашите деца неодамна доживеале други загуби.?

Тагата влијае на децата подеднакво тешко како и кај возрасните. Ако вашите деца неодамна загубиле некој близок (дури и домашно милениче), се преселиле или ги промениле училиштата, разделбата во ваков момент може да влијае подлабоко врз нив.

Дали се сведоци на домашни конфликти и со каков интензитет. Изложеноста на чести интензивни домашни конфликти нема да биде олеснителна околност.

Како разводот ќе влијае врз економската стабилност на вашите деца на краткорочен и на долгорочен рок. Статистички, жените и децата се со поголема веројатност да останат со помалку пари по разводот. Пред да одлучите што да направите, и кога, размислете за вашата способност да ги обезбедите основните потреби на вашите деца – дом, храна, облека, и други активности или “додатоци” на кои навикнале.

Дали ќе треба да се преселат или променат училиште?

Очигледно, менувањето на училиште е уште една значајна промена која може да дојде со разводот. Размислете колку вашите деца се приврзани кон нивните пријатели во моментов и како селењето во нов град ќе влијае врз тие односи.

Дали имаат пријатели чии родитетели се разведени?

Познавањето на други деца кои имале слична судбина, може да им помогне на вашите деца да се чувствуваат помалку изолирани во текот на процесот.

Способноста на родителите да се справат со промените поврзани со разводот. Размислете како ќе се стремите кон сопствената грижа за себе, на начин на кој ќе можете да покажете сила и издржливоста пред вашите деца, без разлика дали ќе можете да соработувате со вашиот поранешен партнер. Доколку покажете подготвеност ефикасно и често да комуницирате со вашиот екс, ќе им пренесете чувство на стабилност на вашите деца во период на интензивни семејни промени. Размислете за вашата способност да ја контролирате својата гордост понекогаш и да го направите она што е најдобро за вашите деца – дури и кога тоа ќе биде исклучително тешко и емотивно.

Историја на секое дете за справување со транзиции.

Секое дете различно го доживува разводот на своите родители. Но, ако имате дете кое тешко поднесува промени, треба да бидете подготвени за уште потешко прифаќање на новата ситуација.

Нивната возраст. Конечно, возраста треба да се земе предвид. Помалите деца ќе имаат мали сеќавања за семејниот живот. Колку повеќе вашите деца го поврзуваат својот идентитет со семејството што сте го создале, толку е потешко да се прифати таа промена и да се продолжи.

Ниту еден од овие фактори не треба да се смета како причина “за” или “против” развод. Вие и вашиот сопружник сте единствените кои можат да донесат одлука за тоа што е добро за вас и вашето семејство. Додека размислувате како разводот ќе влијае на вашите деца, размислете за закажување неколку сесии со семеен терапевт – сами или заедно. Професионалецот може да ви помогне да работите на вашата врска и да размислите за развод или да направите здрави чекори за промените кои стојат пред вас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...