Дали Антикорупциска го заштити министерот Никола Димитров ?

Објавил: Узунов Бобан | 21 септември, 2019 10:57

Како ќерката на министерот за надворешни, Јана Димитрова и скандалот од 40.000 долари го урнаа кредибилитетот на Антикорупциска !?

Фото/Текст извор: ©магазин

Магазин уште во септември 2018 година го откри еден од најголемите скандали на оваа власт поврзан со доделување на 40.000 долари стипендија од страна на Владата на ќерката на актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров. Текстот на магазин, силно ја разбранува јавноста и го урна ореолот на наводната чесност на првиот човек на дипломатијата.   

Овој скандал, како никогаш претходно, отвори јавна дискусија за моралот во политиката, и за тоа до каде досегнуваат дискреционите одлучувања на високите фунцкионери при одлучувањето за сопствените интереси. Никола Димитров беше цел на јавни прозивки за поднесување на оставка поради постоење на судир на интереси, меѓу многутемина беше прозван и од новинарот Бранко Героски.

Деновиве беше актуелна веста дека Антикорупциската комисија утврдила, скоро две години после добивањето на стипендијата на 40.000 долари за Јана Димитрова, односно една година по откривањето на скандалот од страна на Магазин дека во овој случај министерот Димитров немал замешано прсти. 

Се разбира, ваквата констатација наиде на постмев во јавноста, токму поради тоа што секојдневно сме сведоци на млади кои објавуваат статуси дека не добиле стипнедија покрај тоа што ги исполнувале условите !

Нејсе, со оваа одлука на Антикорупциската комисија покажа дека е само една бледа институција во системот на борба против корупцијата која веќе се ставила во улога на заштита на власта.

Нејсе што може да очекувате од институција која уште неоснована се утврди дека нејзин член е именуван во случај на непотизам, односно баџанкот на Талат Џафери кој е коалиционен партнер на Никола Димитров треба да утврдува случаеви на судир на интереси за вториот. 

Антикорупциската комисија доколку беше на висина на задачата, требаше да утврди неколку клучни работи за скандалот од 40.000 долари и да ја убеди јавноста за својата независност. Еве кои се: 

Прво, како се успеало без ничија “интервенција од горе” познавајќи ја ефикасноста на македонската администрација, во само еден ден, а тоа е на 4-ти Август 2017-та година, тогашната министерка за образование Дескоска, со решение број 14-9573/1 да формира комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство. На истиот ден, 4 август Комисијата се состанува и донесува одлука за доделување стипендија на Јана Димитрова, на само два дена пред распишување на локалните избори. 

Второ, зошто Антикорупциска не утврдила во кој период се исплатени средствата за студирање на Јана Димитрова во Холандија ако се знае дека од 6 август кога биле распишани изборите, постои забрана за вонредна исплата на буџетски средства ? Зошто Антикорупциска комисија не утврдила кога, во кој износ и на која сметка се исплаќале средства за студирање на дете на министер кога постои законска забрана ?

Трето, но не најмалку важно, по кој основ Антикорупциска утврдила дека нема судир на интереси, злоупотреба на службена положба и незаконска исплата, кога според Договорот за стипендијата, Јана Димитрова прима по 814 долари месечно школарина за сместување и џепарлак од даночните обврзници, нејзиниот татко поседува стан од 132м2 во Хаг, Холандија кој е оддалечен на само 60 километри од Утрехт, местото каде студира Јана Димитрова. Јана од наш џеб за 48 месеци  ќе потроши 39.000 долари наши пари за сместување во станот на нејзиниот татко. Европски и транспаретно нема што !

Антикоруциската комсисија место да даде образложени одговори на сите овие прашања, без тронка срам и одговорост за високите плати кои ги земаат од наши пари, се дрзна да излезе со штуро соопштение дека во случајот со Јана Димитрова немало никаков судир на интереси.

Без никакво образложение, повикување на закон или објаснување на факти и околности !

Штуро соопштение шуплива институција !

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести