– Во систем во кој што нашава држава е пред банкрот, исто како што е во правниот дел, слично е во и економскиот.

Објавил: admin@magazin | 4 септември, 2019 20:37

КАЛАЈЏИЕВ: Во систем во кој што нашава држава е пред банкрот, не може Нина да биде министер за финансии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев при своето гостување во „Журнал“ појасни дека Нина Ангеловска, не може да биде Министерка за финансии, бидејќи тоа е исто како дете од 11 години се стави капитен на репрезентација само затоа што е надежен фудбалер.

– Во систем во кој што нашава држава е пред банкрот, исто како што е во правниот дел, слично е во и економскиот. Јас не сум експерт за тоа ама можам да го насетам по многу фактори. Не може да очекувате како што рековме „па eве ја Катица и ќе видиме што ќе се случи, можеби ќе искочи на арно“. Така и со оваа млада девојка, зборуваат може и ќе биде добра, но ние сакаме гаранции да знаеме што таа ќе понуди, што ќе направи, да има визија за се, а не да проба, не да учи. – изјави професорот Калајџиев.

Калајџиев рече дека Нина Ангеловска е многу интелигентна и дека има енергија.

– Но не може поради таа енергија, некое дете од 11 години кое е надежен фудбалер да се стави како капитен на репрезентација само за тоа што е надежен за 11 години. Бидејќи детето нема искуство, никогаш не било во таа лига. Значи има лиги. Зошто има мерит систем па напредувате и се качувате скала по скала. Сега не може од долу, од приватен сектор да дојдете горе или надвор од партијата, луѓето ќе се бунат. Таму има кадри што со години лепеле постери и немаше што не работат за да добијат уште, сега одеднаш некој од страна кој не бил во партија ти доаѓа како потпретседател. – истакна Калајџиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести