И несудениот кандидат за челник на СЈО, поранешен миленик на премиерот Заев, професор Калајџиев, смета дека нацрт законот на ВМРО - ДПМНЕ за целосна амнестија е правата опција

Објавил: Мартин Попоски | 11 декември, 2018 7:39

Калајџиев призна дека законот за амнестија на ВМРО – ДПМНЕ е “почиста опција”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот прв човек на Хелсиншкиот комитет за човекови права, несудениот Специјален Јавен обвинител, Гордан Калајџиев со став кој го изненади и политичкото перо на СДСМ, Сашо Орданоски.

Имено професор Калајџиев како дел од централниот дневник на 1 ТВ беше запрашан за: Како од технички аспект би се спровела амнестијата? Кој може да одговора а кој не? Навлегуваат ли парламентарците во судското поле доколку изгласаат амнестија?

Како да се раздвојат нарачателите од насилниците? Колку амнестијата остава впечаток дека постои селективна правда? Кој се има објективна одговорност во случувањата од 27 април? Дали помирувањето е политички договор за обезбедување на мнозинство за претстојните важни случувања во Собранието.

Калајџиев на ова одговори дека целосната амнестија за немилите настани во законодавниот дом од минатата година, што ја нуди ВМРО – ДПМНЕ, би била почиста опција, отколку селективната која власта ја игра како некоја политичка трговија за овој инцидент.

Орданоски во улога на домаќин беше видно изненаден од одговорот на Калајџиев, кој пак уште од назначувањето на Катица Јанеца за раководител на СЈО, се огласи со зборовите.

Сега без мене СДСМ направи самоубиство и ќе ги изгуби наредните избори. Што и се случи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.