И Грција и Бугарија се земји членки на НАТО, факт што загрижува како Македонија се соочува со гневни изјави на нивните министри за одбрана, кои алијансата ги премолчува и одобрува

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 декември, 2018 7:37

Каменос го повика Заев да излези од пропагандниот филм на Мусолини и Тито

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И министерот за одбрана на Грција, како и неговиот бугарски колега, го гневна реакција по изјавите на премиерот Заев за македонски народ и македонски јазик.

Панос Каменос, по изјавата на Заев, констатираше дека Преспанскиот договор е мртов.

Неодамнешните коментари на премиерот Зоран Заев, во кои тој говореше за  македонскиот идентитет и јазик, ставија крај на секоја дискусија во врска со опстанокот на т.н. Преспански договор. – реагираше денеска грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос.

Речиси идентично како и Каракачанов, и Каменос државата ја нарече Титова творба а изјавите на Заев пропаганда на Мусолини и Тито.

Иредентистичкото и провокативно однесување на Скопје и покажува на меѓународната заедница дека не само што се неподготвени да бидат дел од меѓународни организации, туку и ги оправдува сите оние кои од самиот почеток тврдеа дека се уште се заробени во пропагандата на Мусолини и Тито. напиша на интернет страната на партијата „Независни Грци“, Панос Каменос.

Каменос, кој гласно се спротивставува на договорот за името потпишан во јуни меѓу Македонија и Грција, коментираше неколку изјави од Заев упатени, како што вели, до скептичната јавност во Македонија.

Според Катимерини, Каменос се вознемирил по изјавата на Заев, кога рекол дека ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик и оти тоа никој не може да го негира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.