Таа пред судиите го кажа своето сведоштво и вели дек Стефанова ја покажувала моќта пред бранителите.

Објавил: Весна Петровска | 10 декември, 2019 11:22

Камчева во судот: Стефанова ја покажуваше својата МОЌ на обвнителите – „Ништо не ми можеш“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

И денеска во Кривичниот суд во Скопје, продолжи судењето за случајот „Рекет“ меѓу сведоците беше и сопругата на бизнисменот Јордан Камчев, Ана.

Таа пред судиите го кажа своето сведоштво и вели дек Стефанова ја покажувала моќта пред бранителите.

– „Половина час пред полноќ Јордан Камчев се јави и ми рече да се симнам доле во куќата за да ми соопшти нешто. Во мојата куќа беше присутно и лицето Зоран Милески и ми рече дека во нашата куќа ќе се врши претрес во 6 часот наутро. Така и беше, се правеше претрес во нашиот дом, потоа се правеше во Орка Холдинг. Камчев беше изнесен на судија по претходна постапка во Судот Јордан Камчев по предметот Империја”, вели таа, пренесе Тв21.

Додава дека во Кривичниот Суд обвинителката Лиле Стефанова недоличносе однесувала.

– „На еден од бранителите му рече, Ништо не ми можеш Тони, моќта е кај мене, само треба да знаеш кога е кај тебе и да знаеш како да ја искористиш“, сведочи сопругата на Камчев.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева. Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.