Откако му беа одземени македонскиот и бугарскиот пасош, Камчев лани во мај успеа да добие времена нова патна исправа од Катица Јанева додека таа сè уште беше специјална обвинителка.

Објавил: Весна Петровска | 21 јануари, 2020 14:51

Камчев нуди 2,2 милиони евра за да му биде вратен пасошот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Бизнисменот Орце Камчев, осомничен во истрагата „Империја“ понудил 2,2 милиони евра како гаранција за да му биде вратен пасошот.

Одлуката ќе ја носи апелациониот суд во четврток. Камчев и претходно понуди слична сума пред кривичниот суд, но му беше одбиена..

Откако му беа одземени македонскиот и бугарскиот пасош, Камчев лани во мај успеа да добие времена нова патна исправа од Катица Јанева додека таа сè уште беше специјална обвинителка.

Случајот Империја е во фаза на истрага и го води обвинителката Лиле Стфанова.

Дали и какви истражни дејствија се преземаат и дали истрагата ќе финишира со обвинение, засега нема информации од државното обвинителство, кое го презеде случајот од СЈО уште во септември лани.

За потсетување СЈО го водеше случајот империја и во него беа осомничени Орце Камчев неговиот соработник Ненад Јосифовиќ директорот на „Ексико“ – Тодор Мирчевски, Цветан Панделески – директор на ЗК Пелагонија и за Зорица Арсовска – сметководител во фирмите на Камчев.

Но откако изби кримналната афера „Рекет“, Катица Јанева беше тргната од местото шеф на СЈО со тоа значи и запирање на случајот Империја, но Лиле Стефанова неодамна изјави дека случајот „Империја“ повторно ќе се најде пред обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести