Камчев за Фокус потврди дека негов е гласот што се слуша на аудио-снимките кои се појавија во јавноста.  

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 декември, 2019 12:35

Камчев потврди: Гласот на снимките е мој, разговорот е снимен на средба во Бугарија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред неколку дена јавноста беше шокирана од новите аудио снимки кои беа објавени на Јутјуб. На снимките се слуша глас кој наликува на оној на бизнисменот Орце Камчев, кој се јавува како главен сведок во случајот „Рекет“.

Камчев за Фокус потврди дека негов е гласот што се слуша на аудио-снимките кои се појавија во јавноста.  

Во новите разговори бизнисменот ја шокираше јавноста по што соговорниците извикуваа Орце шокираш, Орце!

Како што вели тој во изјава за Фокус, станува збор за делови од поголем и подолг разговор, кој бил направен на средба во Бугарија кон крајот на август.

Се работи за делови од поголем, подолг разговор од кој лесно се забележува дека, за жал, тенденциозно се сечени делови кои истиот целосно го вадат од контекст, а тоа придонесува да се создаде погрешна перцепција и погрешни заклучоци за кажаното. Тоа е разговор кој се одвиваше оваа година кон крајот на август на вечера во Бугарија, а за време на тој разговор бевме присутни четворица од кои јас и уште двајца можеме да потврдиме дека тоа не е целосниот разговор воден тогаш и дека сечените делови оставија многу простор за погрешно толкување на она за што се зборува. Во истата насока, целосно изваден од контекст е и делот со „наводните закани“. Никогаш во животот ниту сум се служел ниту ќе се служам со закани, а најмалку од се, како родител, татко на две деца би си дозволил да кажам и да упатам закани кон нечии деца. Сметам дека целта на изнесените разговори во јавноста е комплетно друга, односно, е обид на оној кој ги снимил да се умилкува кај одредени структури, бидејќи најверојатно со соочувал со поголеми проблеми кога ги снимал, па, играјќи на овој начин, сметал дека ќе добие позитивни поени – вели Камчев, додавајќи дека објавувањето на овие разговори е неетички.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести