На денешното рочиште треба да сведочи бизнисменот Орце Камчев. Како сведок исказ требаше да даде и неговата сопруга Ана Камчева, но таа не дојде бидејќи, според кажувањето на Орце, била болна и има покачена температура.

Објавил: Весна Петровска | 6 декември, 2019 11:30

Камчев се обрати до судот: Луѓе, до кај стасавме, Боки 13 да раководи со СЈО

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во Кривичниот суд претпладнево продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

На денешното рочиште треба да сведочи бизнисменот Орце Камчев. Како сведок исказ требаше да даде и неговата сопруга Ана Камчева, но таа не дојде бидејќи, според кажувањето на Орце, била болна и има покачена температура.

Судијката Васка Николовска Масевска побара на следното рочиште Камчева да донесе медицинска документација за да го оправда денешното отсуство.

Во судница од домашен притвор е донесена Јанева, а Боки 13 од КПУ Затвор – Скопје каде што издржува мерка притвор.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

 


Боки 13 и Катица Јанева ќе докажуваат дека не се виновни. Јавната обвинителка Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште рече дека жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓани на оваа држава.

Обвинителството, рече Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.

– Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци, изјави Рускоска.

До кај стасавме луѓе, Боки 13 да раководи со СЈО, рече Орце Камчев во текот на сведочењето пред судот.

Тој пред судот зборува до најситни детали, тврди дека е жртва и дека Јанева и Јовановски се изживувале со него, односно му барале пари.

Камчев пред судот посочи дека тој бил во јавноста претставуван како криминалец, иако, како што вели, е „бизнисмен што 30 години работи и обезбедува егзистенција за 30 илјади семејства и чесно плаќа данок“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.