Како што објави порталот, на местото на Камчев,  како директор и член на Извршен одбор на директори доаѓа Антонио Маринковски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 август, 2019 0:07

Камчев се повлече од позицијата директор на „Орка Холдинг“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бизмисменот Орце Камчев според податоците од Централниот регистар објавени на 13.08.2019 година се повлекол од директорската функција, и повеќе не е директор во неговата „Орка Холдинг“, пренесува Слободен Печат.

Јордан (Орце) Камчев (р. 24 јули 1970 во Скопје) — македонски стопанственик и претседател на Фондацијата „Илија Камчев“Претседател e на одборот на директори на „Аџибадем Систина“, извршен директор на „Орка Холдинг“
Во деведесите години Камчев е потпредседател на подмладокот на СДСМ. На изборите во 1998 година тој е кандидат за пратеник на СДСН во една од скопските изборни едеиници. Изборите ги губи од Данило Глигоровски (ВМРО-ДПМНЕ). Потоа го напушта активниот ангажман за СДСМ. Во 2003 година излегува од партијата.
Во истиот период неговиот татко е високо позициониран во ВМРО-ДПМНЕ.

Како што објави порталот, на местото на Камчев,  како директор и член на Извршен одбор на директори доаѓа Антонио Маринковски.

Камчев се повлекол од директорското место, од извршен член на Одбор на директори, а станува член на Неизвршен одбор заедно со неговата сестра Кристина Камчева Стојческа. 

Од Неизвршниот одбор на директори се повлекуваат и мајката на Камчев, Ратка Куноска Камчева и Зорица Арсовска. Сите кои се повлекоа од функцијата се осомничени во случајот „Империја“ кој го води Специјалното јавно обвинителство.

Камчев се повлекува од раководните функции во компанијата во време на случајот „Рекет“ во кој се јавува како сведок и ги лице кое ги обезбеди доказите за случајот.

Во актуелниот случај Рекет, како што можевме да заклучиме од видео и аудио снимките, првоосомничениот Боки 13 кој моментално е во затворот во Шутка успеал да изнуди 1.5 милиони евра.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.