Претходно премиерот Ковачевски и министерот за економски прашања, Битиќи, му упатија покана на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за учество на владиниот економски совет, но истата беше одбиена од Мицкоски со образложение дека не сака да учествува на состанок кој ќе наликува на пазар, туку дека подобро ќе било да се соочат на ТВ дебата.

Објавил: Мате Парлоф | 4 октомври, 2022 5:51

Канал 5 дознава: Мицкоски и тричлен тим денес ќе му презентираат план на Ковачевски

Фото/Текст извор: ©канал 5/магазин.мк

Вчера беше потврдена средбата помеѓу лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ а која ќе се одржи денеска во 16 часот во Владата на Македонија.

Извор на Канал 5 потврди дека на средбата Христијан Мицкоски ќе биде придружуван од економскиот тим, кој брои три члена, и кои во изминатиов период разработиле план за ублажување на големата енергетска криза со евентуална набавка на гас од Газпром, преку компании од Чешка, Швајцарија и Германија.

Претходно премиерот Ковачевски и министерот за економски прашања, Битиќи, му упатија покана на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за учество на владиниот економски совет, но истата беше одбиена од Мицкоски со образложение дека не сака да учествува на состанок кој ќе наликува на пазар, туку дека подобро ќе било да се соочат на ТВ дебата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика