Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се новата генерација на луѓе кои ќе го креираат развојот на општините и ќе го искоренат криминалот на Заев

Објавил: Владо Марин | 21 август, 2021 11:04

Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се нова генерација на луѓе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ овие локални избори нуди енергични кадри кои што имаат визија, план, стратегија и развој на секоја општина.

Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се новата генерација на луѓе кои ќе настапат на политичката сцена и ќе го креираат развојот на општините во нашата земја.

ВМРО-ДПМНЕ преку кандидатите за градоначалници нуди нова сила која што ќе донесе подобри промени во општините низ државата и искоренување на криминалот и корупцијата кои се длабоко навлезени поради власта на Заев.

Кандидатите за градоначалници преку своите проекти нудат место за секој еден граѓанин да почувствува дека е опфатен во креирањето и градењето на неговата општина.

Криминалната банда СДСМ нуди кандидати кои што имаат криминално досие. СДСМ нуди стари потрошени и докажано неспособни кадри кои што немаат реализирано ниту 10% од своите програми од претходните локални избори.

Ова е разлика помеѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Време е за одлуки кои ќе испратат јасна порака до власта дека нивното заврши. Промените доаѓаат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика