Зибери во своето обраќање се осврна и на изјавите на лидерите на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои ја одбија идејата на ДУИ.

Објавил: Владо Марин | 24 јуни, 2020 15:47

Кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, со порака до Мицкоски и Заев: Вие не сте газди на оваа земја

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Насер Зибери е натпартискиот кандидат на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) за прв Албанец премиер во македонската Влада!

На првиот ден од кампањата Али Ахмети на партиска конвенција во Претор го промовираше поранешниот пратеник од ПДП, како конкурент за мандатар на претстојните парламентарни избори. 

Тој на својата промоција во Преспа кажа дека ја прифатил понудата без да се двоуми.

„Реков ‘да’, затоа што верувам во идејата за прв премиер Албанец. Како пратеник неуморно се залагав за заштита на правата на Албанците, а бев и член на преговарачкиот тим кој во името на Али Ахмети работеше на постигнување мир, кој беше крунисан со Охридскиот договор. Убеден сум дека оваа задача ќе ја исполнувам во името на сите граѓани, не само на Албанците туку и на другите заедници, без оглед на националноста, религијата, политичката припадност“, рече Зибери.

Зибери во своето обраќање се осврна и на изјавите на лидерите на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои ја одбија идејата на ДУИ.

„Зоран Заев и Христијан Мицкоски! Вие не можете да го негирате правото на Албанците да имаат  премиер Албанец, вие не сте газди и сопственици на оваа земја“, е пораката на Зибери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести